Сега на сите им е јасно зошто Барселона сакаше да се ослободи од Жорди Алба и да го испрати во Интер

Барселона летово направи големи промени во играчкиот кадар, а каталонскиот клуб беше особено активен во последниот ден од летниот преоден рок.
Каталонскиот клуб во претходните сезони играше под своето ниво, и беше јасно дека има големи проблеми кои треба што поскоро да се решат.
Секако, главен проблем беа огромните долгови кои ги имаше Барселона, а со доаѓањето на Жоан Лапорта почнаа да преземаат акција. Поради ова, многу првотимци се согласија да ја намалат платата за да му помогнат на клубот, што беше единствениот начин да се регистрираат нови засилувања.
Летово Барселона е во многу подобра финансиска ситуација, но главната цел на клубот е да ги намали платите на поединечни играчи бидејќи сметаат дека претходната управа потрошила повеќе пари отколку што требало.
Поради ова Барселона се обиде да го продаде Френки де Јонг или да му ја намали платата, но тој одби. Но, Де Јонг не беше единствениот кој Барселона се обиде да го продаде или испрати на позајмица ова лето.
Во последниот ден од преодниот рок се шпекулираше дека Барселона сака да се ослободи од Жорди Алба, па дури и со Интер постигнаа договор за позајмица на искусниот лев бек, но на крајот тој одби да замине во италијански клуб.
Жорди Алба изјави дека единствена цел му е да остане во Барселона и дека не го интересира понудата на Интер, што ги разочара Лапорта и компанијата.
„Мундо Депортиво“ пишува дека Лапорта сакал да го испрати Алба во Интер само поради една причина, а тоа е неговата висока плата која ќе биде навистина висока оваа сезона поради клаузула во договорот.
Имено, Алба оваа сезона би требало да заработи околу 30 милиони евра бидејќи поранешната управа така му го смислила договорот, а оваа сезона ќе следуваат многу бонуси и одложени плати.
For different reasons, Jordi Alba's salary is set at €30m gross this season. That's why the club accepted Inter's offer for him.
— @pedro_morata pic.twitter.com/PzufCLTA0Z
— Barça Universal (@BarcaUniversal) September 12, 2022
Поради ова Лапорта сакаше да го реши тоа на свој начин и да го испрати Алба на позајмица, што навистина му пречеше на Шпанецот. На Лапорта му порача дека е разочаран што му покажале непочитување по се што дал за овој клуб.
Алба дури и го загуби местото во стартниот тим на Барселона откако десет години беше стандарден лев бек. На крајот остана во клубот, а како ќе најдат начин да му ги платат сите тие пари, останува да видиме.



