Connect with us

Фудбал

Сега ова е веќе конфликт помеѓу Барса и Меси, клубот му рече на Аргентинецот: Нема да може!

Денес, од Шпанија се појавуваат вести дека Лионел Меси донел одлука и дека повеќе не сака да биде член на Барселона.

Наводно, Меси испратил факс до Барселона преку неговите правни советници, информирајќи ја дека сака да стане слободен агент и дека верува оти има право да го стори тоа.

Сепак, сега целата ситуација се претвора во еден вид конфликт.

Шпанските медиуми пред се „Спорт“ пишуваат дека Барселона веќе одговорила на барањето на Меси и му рекоа дека нема да може еднострано да го раскине договорот (кој трае до 2021 година).

loading...

Во Барселона, се сигурни дека Меси нема право да го раскине договорот, бидејќи крајниот рок за активирање на клаузулата што ќе му овозможи да го стори тоа истече на 30 мај.

Меси и неговиот тим, од друга страна, тврдат дека тој има право да го раскине договорот во рок од уште седум дена по финалето во Лигата на шампионите.

Засега, единствено што е јасно е дека понижувањето од Баерн беше премногу за Меси и дека се чини дека тој навистина сака да ја напушти Барса, додека каталонските гиганти очигледно ќе се обидат да го задржат.

Засега Барселона нема намера да ги разгледа можните понуди за трансферот на Меси.

Да потсетиме, Линел Меси во договорот со Барселона има откупна клаузула од 700 милиони евра …

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com