Сејдини: Овие момци покажаа дека се родени за големи работи, ќе дадат се од себе за пласман на Светско првенство (ВИДЕО)
Д М24 мар 2022

Македонија вечерва игра историски натпревар, прва пат во историјата е тоолку блиску до пласман на СП.
Пред вечерашниот натпревар помеѓу Италија и Македонија, првиот човек на ФФМ, Мухамед Сејдини, упати порака и им се заблагодари на навивачите кои вечерва ќе ја бодрат Македонија, на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо.
„Оваа репрезентација и овие момци ги краси карактер и заедништво. Покажаа дека се родени за големи работи, веруваат во себе и знам дека ќе дадат се од себе да го остварат сонот за пласман на Светско првенство. Благодарност до сите навивачи кои дојдоа да ја бодрат нашата репрезентација. Уживајте во натперварот“, рече Сејдини.
Натпреварот се игра со почеток во 20:45 часот.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



