SportM
Фудбал

Селекторот на Египет тврди дека се ограбени: Можеби сакаа Меси да остане во трка за трофејот!

Редакција8 јул 2026
Селекторот на Египет тврди дека се ограбени: Можеби сакаа Меси да остане во трка за трофејот!

Селекторот на Египет, Хосам Хасан, не штедеше зборови по елиминацијата на неговата репрезентација од Светското првенство во осминафиналето против Аргентина.

Египет водеше со 2:0 до 79. минута, но на крајот Аргентина славеше со 3:2.

Хасан изјави дека неговата екипа била жртва на неправда, алудирајќи дека ФИФА и судиите имале влијание врз исходот на натпреварот.

„Бевме подобри од актуелниот светски шампион. Кога го велам тоа, мислам дека бевме подобри во секој сегмент од играта, но на резултатот влијаеја фактори и на теренот и надвор од него. Можеби сакаа да го задржат светскиот шампион во натпреварувањето. Можеби сакаа Меси да остане во трката за трофејот. Во фудбалот понекогаш постојат надворешни влијанија кои се над техничките аспекти. Светскиот шампион имаше поддршка на сите нивоа“, изјави Хасан, а потоа додаде:

„Се чини дека постоеше притисок од аргентинска страна исходот да биде ваков. Приговаравме за изборот на судијата поради тоа што им го направи на Французите против Аргентина во финалето во 2022 година, но секој еднаш мора да ја плати цената, па така и ние ја плативме“, рече Хасан, а потоа директно посочи каде смета дека судиите ѝ помогнале на Аргентина.

„Не ни беше досуден пенал, ВАР воопшто не ја провери ситуацијата, а нашиот втор гол, кој никој не знае зошто, беше поништен. Сите го видовме влечењето за дрес, а ВАР не реагираше. Животот е неправеден, па зошто тогаш во спортот би имало правда? Сакам да користам убави зборови и сето ова да го наречам ‘несреќа’, но ова е класична неправда“, порача Хасан и додаде дека по натпреварот му рекол на судијата Франсоа Летексие дека направил голема неправда.

„Во секој случај, по ова нема да гледам ниту еден друг натпревар на ова Светско првенство“, порача Хасан.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.