Селекторот на Иран: Не ни дадоа време за одмор, ни рекоа морате веднаш да заминете!

Селекторот на Иран, Амир Галеноеи, изјави дека неговата репрезентација веднаш по ремито 2:2 со Нов Зеланд морала да ги напушти САД и да се врати во кампот во Тихуана, Мексико. Тој се пожали дека тимот немал време за опоравување по натпреварот. Иранците веќе се соочуваат со проблеми поради политичките тензии и безбедносните мерки.
Капитенот Мехди Тареми откри дека патувањето од Тихуана до Лос Анџелес траело пет часа поради проверки. Дополнително, на дел од иранската делегација не им биле издадени американски визи. Тареми побара поголема поддршка од ФИФА, оценувајќи ја ситуацијата како „катастрофална“.
Во натпреварот, Нов Зеланд двапати водеше преку Елајџа Џаст, а Иран израмни со головите на Рамин Резаијан и Мохамад Мохеби. Во групата, Иран допрва ќе игра против Белгија и Египет. По првото коло сите четири селекции имаат по еден бод.



