SportM
Фудбал

Селекторот на Катар: Дојдовме да играме фудбал, не да се сликаме со Меси

Д М23 јун 2019
Селекторот на Катар: Дојдовме да играме фудбал, не да се сликаме со Меси

Селекторот на Катар, Феликс Санчез истакна дека неговиот тим покажува боречки дух пред натпреварот со Аргентина во третото коло од групната фаза во Купот на Америкa.

Тој истакна дека нема да имаат посебен респект кон Лионел Меси.

– Ние не сме добро познати во Јужна Америка, но имаме одлични професионалци во составот. Дојдовме да играме фудбал, а не да бидеме фотографирани со Меси. Аргентина ќе биде фаворизирана, и треба победа. Ние ќе се обидеме да наметнеме борба. Имаме шанси, а тоа е охрабрувачко, изјави Санчез.

Натпреварот Катар – Аргентина почнува вечер во 21 часот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.