SportM
Фудбал

Селекторот на Португалија повторува: Роналдо ќе игра до 40-та година од животот

Д М29 сеп 2020
Селекторот на Португалија повторува: Роналдо ќе игра до 40-та година од животот

Селекторот на Португалија, Фернандо Сантос верува дека напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо е во можност да игра до 40-та година и вели дека не очекува од него да го спушти нивото.

Капитенот на Португалија постигна 101 гол за националниот тим и продолжува да воодушевува во дресот на Јувентус, откако се приклучи во јули 2018 година.

За „белите“ има постигнато 68 голови на 91 натпревар.

Селекторот на Португалија, Сантос верува дека 35-годишниот играч, кој оваа сезона веќе постигна три гола во Серија А, би можел да игра уште пет години.

„Кристијано е подготвен да игра додека не наполни 40 години, но не знаеме дали тоа ќе се случи. Може да се случи еден ден да се почувствува дека тој веќе нема услови да продолжи“, рече Сантос.

„Тој не е играч што ќе го спушти нивото, кога ќе почувствува дека веќе не може, нема да продолжи“, додаде тој.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.