SportM
Фудбал

Сенегал фантастично ќе го награди Мане за титулата во Африканскиот куп на нации

Д М14 фев 2022
Сенегал фантастично ќе го награди Мане за титулата во Африканскиот куп на нации

Репрезентацијата на Сенегал минатата недела успеа да го освои Африканскиот куп на нации.

Сенегалците во финалниот меч по пенали го победија Египет и за првпат во својата историја освоија златен медал во ова натпреварување.

Оваа репрезентација до златото ја предводеше големиот Садио Мане, кој блескаше на овој турнир и на крајот беше најзаслужен што Сенегал успеа да ја освои титулата.

Фудбалерите на Сенегал имаа спектакуларен пречек во Дакар по враќањето од Камерун, а навивачите во оваа земја покажаа колку им значи што нивната репрезентација конечно го освои Африканскиот куп на нации.

Колку се благодарни за тоа најдобро покажува фактот што во регионот во Седхиу решија стадионот да го именуваат по фудбалерот на Ливерпул.

Сенегалците потврдија дека стадионот во овој град сега ќе го носи името „Садио Мане“ и на тој начин сакаат да му се оддолжат на својот фудбалер што конечно им донесе злато во Купот на Африканските нации.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.