Connect with us

Ракомет

Сениорките на Вардар пресилни за јуниорките

ЖРК Вардар го победи Вардар Јуниор во „сестринскиот“ дуел со убедливи 48:19. Ова беше последен натпревар од 6. коло на Првата македонска ракометна лига.

Се беше решено уште во првото полувреме кое ЖРК Вардар го доби со 22:8, иако „сениорките” играа со 11 ракометарки, и со само неколку ракометарки од првиот состав. Повеќе минутажа добија помладите, а тоа го искористија Сара Ристовска и Јована Саздовска, кои имаа двоцифрен број на голови. Ристовска покажува дека е во одлична форма, и сега погоди дури 13 пати, а Саздовска даде 10 гола.

За учесникот во Лигата на шампионите ова беше последна контрола пред патувањето на двата дуели од регионалната ВРХЛ лига, во Љубљана каде во петок и сабота се играат два натпревари, против Крим и Будуќност.

На табелата во домашното првенство ЖРК Вардар води со максимални 18 бода, Металург, Куманово и Пелистер имаат по 12, Вардар Јуниор 10, Гевгелија 4, Овче Поле 3 и Деспина 0.