Сензација на повидок: Реал има план за Азар, следува спектакуларен трансфер?

Еден Азар е далеку од својата препознатлива форма откако пристигна во Реал Мадрид и се покажа како вистински неуспех.
Репрезентативецот на Белгија не може да крене глава од повреди, а на платниот список на Реал е најскап покрај Герет Бејл кој се потсмева со Кралскиот клуб.
Според шпанскиот „AS“, мадриѓаните сериозно размислуваат да го позајмат Азар ова лето.
На белгискиот фудбалер не му недостасуваат понуди, па во последните месеци интерес за неговите услуги покажаа екипи како Челзи, Арсенал и Њукасл Јунајтед.
Останува да се види која ќе биде следната дестинација на Еден Азар, но напаѓачот повеќе би сакал да се врати на „Стемфорд Бриџ“, каде настапуваше од 2012 до 2019 година, а за тоа време успеа да стане еден од најважните играчи на актуелниот европски шампион.
Азар бил контактиран од тренерот на Челзи, Томас Тухел за да се врати. Одговорот на Белгиецот стигна веднаш, а играчот му ветил на германскиот тренер дека веднаш ќе се врати на „Стемдфорд Бриџ“ откако Роман Абрамович засекогаш се откажа од клубот, јавуваат новинарите на „Ел Национал“.
Според споменатиот извор, Еден Азар е се порешителен кога е во прашање спасувањето на кариерата, а Белгиецот како најдобра опција го гледа враќањето во Челзи.
Да потсетиме, Азар за седум години во Лондон одигра 352 натпревари во дресот на Челзи, а постигна 110 гола со 92 асистенции.
Интересно, токму вечерва од 21 часот Челзи ќе му гостува на Реал Мадрид во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.



