Фудбал
Сепак трофејот не доаѓа дома, Шпанија е европски првак, по рекорден четврти пат (ВИДЕО)
Иако пред почетокот на ЕП, Англичаните се надеваа дека по пауза од 60 години ќе станат европски прваци, со што стана популарна паролата “Доаѓа дома”, сепак Шпанија е европски шампион и тоа по рекорден четврти пат.
Во финалето ја совладаа токму Англија ао 2:1.
Вилијама во 47-ма донесе водство, Палмер во 73-та израмни на 1:1, а херој на Шпанија е Ојарзабал кој во 86-та погоди за 2:1.
Победата, но и пехарот е повеќе од заслужен ако се знае дека Шпанија на убедлив и сигурен начин стигна до финалето, преку една Италија, Франција и домаќинот Германија.