SportM
Фудбал

Сепак, Валверде ја продолжи соработката со Барселона

Д М23 окт 2018
Сепак, Валверде ја продолжи соработката со Барселона

Иако на почетокот на месецот имаше гласини дека не се само навивачите не задоволни од работата на Ернесто Валверде, веќе и лидерите на клубот размислуваат да стават крај на соработката со тренерот, но сега претседател на Каталонскиот гигант носи различни информации.

Првичниот договор на Валверде со Барса важи до летото 2019 или до крајот на тековната сезона. Сепак, се чини дека Валверде веќе ја продолжи соработката со Барселона, барем според претседателот, Јосеп Марија Бартомеу.

“Сакам да појаснам. Договорот на Валверде со лубот е валиден и за следната сезона. Клубот или тој може да ја прекине соработката ако се плати надоместок. Неговиот договор е со важност до крајот на сезоната 2019/2020”, рече Бартомеу, но додаде:

“Тој работи одлична работа. Првата сезона беше сјајна, иако поразот во Рим ја сруши. Но, ние сме задоволни од неговата работа. Имаме добар тим, тој е интелигентен тренер и знае да ја организира екипата.”

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.