Сергеј конечно би можел да замине во Јувентус, се чека само одговорот на Лацио

Играчот од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ ги договорил условите за неговиот трансфер во Јувентус, па Старата дама останува да се договори со Лацио за висината на обештетувањето за да може трансферот да се реализира, пренесува добро информираниот Џанлука ди Марцио.
Според неговите сознанија, српскиот фудбалер се сретнал со директорот на Јуве, Фабио Паратичи и постигнал договор за личните услови, а важна точка во реализацијата на оваа работа е завршена. Сега останува Лацио да ја прифати понудата на „бјанконерите“ за високиот играч за врска. Со оглед на тоа дека Сергеј има договор до 2023 година со небесносините, јасно е дека сопственикот на Римјаните, Клаудио Лотито ќе бара висока сума.
#Calciomercato | La #Juventus accelera per #MilinkovicSavic. Le ultime: https://t.co/AmcmPr76O2
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) May 21, 2019
Во неколку наврати досега потенцираше дека од трансферот на СМС очекува најмалку 100 милиони евра. Дали ќе остане цврсто на таа позиција во текот на преговорите со Јувентус или ќе ги спушти критериумите ќе биде појасно во претстојниот преоден рок. Во секој случај, и ова лето ќе биде исклучително интересно кога е во прашање 24-годишниот српски репрезентативец. Да потсетиме, Милинковиќ-Савиќ неодамна беше избрана за најдобар играч за врска во Серија А, а во финалето на Купот на Италија со Аталанта со гол му помогна на Лацио да дојде до трофејот.



