Серхио Рамос откако дозна дека игра против Реал Мадрид: „Ќе умрам за ПСЖ“
Д М14 дек 2021

Серхио Рамос со години ги бранеше боите на Реал Мадрид, но од летово настапува за ПСЖ.
По волја на ждрепката, ПСЖ ќе игра против Реал Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампионите, а искусниот дефанзивец е голем професионалец и нема да го поштеди својот поранешен тим.
„Ќе умрам со ПСЖ на натпреварот против Реал Мадрид“, изјави 35-годишниот дефанзивец, кој во дресот на Реал Мадрид во 16 сезони освои 22 трофеи, од кои четири во Лигата на шампионите.
Интересно е тоа што Реал Мадрид прво падна со Бенфика, но УЕФА потоа објави дека има грешка во системот и дека ждрепката мора да се повтори.
Откако се повтори ждрепката, Кралевите добија далеку потежок ривал. Се жалеа, но залудно. ПСЖ, пак, претходно падна против Манчестер Јунајтед.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



