SportM
Фудбал

Серхио Рамос прв се огласи по оставката на Луис Енрике: „Секоја победа ќе биде за тебе“

Д М19 јун 2019
Серхио Рамос прв се огласи по оставката на Луис Енрике: „Секоја победа ќе биде за тебе“

Фудбалската федерација на Шпанија денес потврди дека Луис Енрике повеќе не е селектор на „Црвената Фурија“.

Енрике на ова место пристигна пред помалку од една година, но на изненадување на сите реши да се повлече. Веќе неколку месеци тој не беше со тимот, а неговите работни ги извршуваше помошник Роберт Морено.

Никој не знаеше зошто Енрик не беше во јавноста уште од март, а тој рече дека има приватни проблеми. Официјално поднесе оставка денес, а Морено ќе го завземе неговото место.

Сепак, сè уште не е познато за какви проблеми станува збор. Шпанските медиуми шпекулираат дека Енрике има здравствени проблеми, а некои дури објавија дека тоа е неговата ќерка.

По потврдувањето дека тој повеќе не е селектор, првиот што се огласи беше капитенот на овој тим, Серхио Рамос.

„Секоја од нашите победи ќе биде за тебе. Имаш целосна поддршка од мене и од целиот тим“, рече Рамос.

https://twitter.com/SergioRamos/status/1141377649778057216

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.