SportM
Фудбал

Серхио Рамос свика итен состанок на играчите на Реал Мадрид, Зидан веднаш беше информиран за што разговараа

Д М3 дек 2020
Серхио Рамос свика итен состанок на играчите на Реал Мадрид, Зидан веднаш беше информиран за што разговараа

Фудбалерите на Реал Мадрид беа поразени на гостувањето кај Шахтјор во вторникот (2:0), поради што сега е под знак прашалник дали ќе се пласираат во нокаут-фазата од Лигата на шампионите.

Кралскиот клуб игра многу полошо оваа сезона отколку што навивачите се навикнати, а претходните денови се шпекулираше дека Зинедин Зидан може да биде отпуштен од тренерската позиција.

Јасно е дека ситуацијата во тимот е чудесна, а угледната Марка пишува дека Серхио Рамос се обиде некако да го поправи тоа. Капитенот на Реал организираше итен состанок на играчите со цел да ги мотивира своите соиграчи пред последниот натпревар од Лигата на шампионите, што е од клучно значење за нив.

“Ни претстои една победа да одиме понатаму во Лигата на шампионите, зависиме од нас самите и мораме да дадеме се од себе. Ова е Реал Мадрид, господа, и заедно поминавме низ планините”, им порача Рамос на своите соиграчи на состанокот.

Зинедин Зидан не присуствуваше на овој состанок бидејќи играчите беа сами во соблекувалната, но подоцна доби информација дека ја има поддршката од повеќето и дека сакаат тој да остане на клупата на кралскиот клуб.

 

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.