Серија А: Фиорентина пртрпе длабок пораз од Калјари, Лацио очекувано славеше против Лече

Во рамки на 12. коло од Серија А, Калјари славеше со убедливи 5-2 против Фиорентина.

Калјари оваа сезона, во споредба со минатата, ја започна на одличен начин, денеска со победа над Фиорентина ја запиша третата поседователна победа во Серија А.

-текстот продолжува по рекламата-

Домаќините чекаа 17. минути за гол, по асистенцијата на Наинголан, Рог успеа да финишира и да го доведе својот тим до водство, во 26. минута Писакане успеа да го дуплира водството. За убедлива доминација во првото полувреме во 34. минута Симеоне успеа да постигне гол.

Домаќините не застанаа ни во второто полувреме па Жоао Редро во 54. минута постигна гол за 4-0, петтиот гол за домаќините го постигна Наниголан во 65. минута.

Гостите успеаа да постигнат само два гола по примени 5 гола, головите ги постигна Влахович во 75. минута и во 87. минута.

Калјари по одиграни 12 кола има 24 поени и се наоѓа на 4. позиција веднаш зад Лацио со кој имаат исто поени.

Лацио на домашен терен го совлада Лече со 4-2.

Како што беше и очекувано Лацио денеска славеше против Лече, домаќините преку Кореа во 30. минута стигнаа до водство, но само по 10 минути игра Лападула израмни на 1-1.

Сергеј Милинковиќ-Савиќ во 62. минута повторно го доведе Лацио до водвство, а само по 5 минути Бабачар промаши пенал за Лече и ја пропучти шансата за повторно израмнување. Како што се ближеше крајот на натпреварот Лацио успеа да постигне два брзи гола во 78. минута Имобиле беше прецизен од пенал за 3-1 а во 80. повторно Кореа постигна гол. Конечните 4-2 ги постави Ла Манита во 85. минута.

Лацо денеска освои 3 поени и е на 3. позиција пред Калјари со кој имаат по 24 поени.

На останатите два натпревари кој се одиграа немаше голвои.

Сампдориа покрај тоа што од 74. минута играше со играч повеќе не успеа да постигне гол против Аталанта.

Удинезе со Спал исто така одиграа 0-0.