SportM
Фудбал

„Серија А или Ла Лига би биле идеални за Кејн“

Д М20 апр 2020
„Серија А или Ла Лига би биле идеални за Кејн“

Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн е една од главните теми деновиве кога станува збор за шпекулациите за трансфер.

Кејн е желба на многу европски велики. За него се зборува дали ќе го напушти Тотенхем и ако да, каде ќе ја продолжи кариерата.

Постојат неколку опции, а легендарниот напаѓач на Интер, Кристијан Виери смета дека лиги како Серија А или Ла Лига би биле идеални за Кејн.

„Тој е одличен играч. Јас би играл одлично со него како партнер. Играв со бразилецот Роналдо, Хернан Креспо, Алесандро Дел Пјер, Франческо Тоти, Роберт Баџо. Сакав да играм со добри техничари.”

„Кејн не е класичен англиски напаѓач. Физички, тој нема многу мускули како Ромелу Лукаку, но тој има дриблинг, прецизен и моќен шут. Ми се допаѓа Кејн како и да е. Ла Лига или Серија А би биле одлични за него ако реши да го напушти Тотенхем. Не би имал проблеми да играа добро во лиги кои бараат добра техника “, рече Виери.

Многу екипи се заинтересирани за Кејн, а во прв ред се двата тима од Манчестер, Реал Мадрид, Јувентус …

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.