Connect with us

Фудбал

Сетиен: Можеме да стигнеме до трофејот во Лигата на шампионите

Објавено:

Тренерот на Барселона, Квик Сетиен е оптимист кога станува збор за продолжување на сезоната и успехот на неговиот тим.

Во Лигата на шампионите, Барселона со Наполи одигра нерешено (1:1) во првиот натпревар од 1/8 финале, а Сетиен верува во поминување понатаму и дека неговиот тим може да оди по целиот пат.

“Убедени сме дека можеме да ја освоиме Лигата на шампионите. Мораме да поправиме некои работи, но без сомнение сме убедени дека овој тим има потенцијал да ја освои ЛШ. Јас сум убеден во тоа”, вели Сетиен.

Шампионатот во Шпанија ќе продолжи од 8 јуни без гледачи.

Во Барса се надеваат дека ќе можат да го освојат првенството. Тие во моментов имаат предност од два бода пред Реал Мадрид.

Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама