Сетиен сè уште не ги добил парите од Барселона: Чекам …

Поранешниот тренер на Барселона, Кике Сетиен, сè уште нема добиено пари од клубот за отказот што го доби во август.
Сетиен доби отказ по срамниот пораз од Баерн во Лигата на шампионите каде Барселона беше понижена со 8:2 откако помина само седум месеци на клупата.
Барселона вети дека ќе му исплати отштета за отказот. Тие не го сторија тоа, па 62-годишниот експерт поднесе тужба.
Сепак, неговата сметка сè уште не е надополнета, а цифрата што Барса треба да ја плати е наводно 10 милиони евра.
„Не, Барселона сè уште не ми плати. Чекам“, кратко изјави Сетиен за Ел Ларгеро каде се приклучи како изненаден гостин за неговиот поранешен соработник Едер Сарабија.
Сетиен ја предводеше Барселона на вкупно 25 натпревари. Тој забележа 16 победи, четири нерешени натпревари и пет порази.



