Поврзи се со нас

Фудбал

Сето тоа поради Салах: И Мохамед Елнени позитивен на коронавирус

Фудбалскиот сојуз на Египет пред неколку дена објави дека Мохамед Салах е позитивен на коронавирус, а сега имаат уште еден заразен член во тимот.

Египетската репрезентација денес игра на гости против Того, а играчите на оваа репрезентација пристигнаа во оваа земја вчера. После тоа, тие беа повторно тестирани, а беше објавено дека по Салах, тие имаат уште еден заразен играч во тимот.

Станува збор за играчот за врска на Арсенал, Мохамед Елнени, кој веднаш после тоа се врати во Каиро во самоизолација. Елени нема симптоми и се чувствува многу добро. Сите за тоа го обвинуваат Салах, кој беше на свадбата на неговиот брат каде имаше над 800 гости и се зарази таму, а потоа ги изложи на ризик неговите соиграчи во тимот.

Египќаните потврдија дека Елнени е заразен и во изолација, но дека неговото враќање во Лондон е веќе планирано каде ќе продолжи со самоизолација се додека не се опорави од коронавирусот.

loading...

Facebook