Connect with us

Фудбал

Севиља им се придружи на Реал и Барселона, се чека Атлетико

Севиља се пласираше во осминафиналето на Купот на кралот.

Тимот од Андалузија денеска го совлада Реал Сарагоса со 0:2 и продолжи понатаму.

Севиља постигна гол во двете полувремиња и рутински го реши ова гостување. Стрелци беа Кунде во 31. минута, а Рафа Мир во 69. минута.

Виљареал „успеа“ да испадне од второлигаш, а подобар од Жолтата подморница беше Спортинг Хихон со 2:1.

Албиол го доведе Виљареал во водство во 48. минута, но домаќинот не се предаде. Ѓурѓевиќ израмни во 67. минута, а Милованов во 88. минута ги шокираше гостите и ги исфрли од борбата за трофејот.

Претходно денеска Жирона ја совлада Осасуна со 1-0 и продолжи понатаму, а со истиот резултат Кадиз беше подобар од Фуенлабрада.

Од 20 часот се среќаваат Алмерија и Елче, Манча и Билбао, додека во 21:30 часот е закажан натпреварот помеѓу Рајо Мајадахонде и Атлетико Мадрид.

Вчера успеаја Валенсија, Мајорка, Реал Сосиедад, Барселона, Балеарес, Рајо Ваљекано, Бетис и Реал Мадрид.

Реклама

Facebook

Реклама