Connect with us

Фудбал

Севиља може да победи секого, дали може и против Мурињо, мајсторот за финалиња! Како ќе биде вечерва?

Финале не се игра, тоа се победува. Ова е легендарна изјава на Жозе Мурињо, кој вечерва ќе има можност да го докаже тоа. Го покажа и во финалето минатата година во Конференциската лига, а вечерва против Севиља, неговата Рома ќе се бори за трофеј. Предвидувањата се дека Рома пред својот гол ќе го „паркира автобусот“, додека Севиља ќе биде тимот кој ќе напаѓа.

Шпанскиот тим покажа дека може да игра против секого, пред две сезони во финалето го совладаа Интер, но речиси звучи неверојатно што Португалецот победи во 13 од 16 финалиња во својата тренерска кариера, последно против Феенорд минатата година.

Никогаш не загубил европско финале во четири обиди. Во овој вкупен рекорд не ги вклучивме триумфите во Суперкуповите, ниту во домашните натпреварувања.

Покрај тоа, во битките за главните европски трофеи со Порто, Интер, Јунајтед и Рома, не прими гол и тоа ќе биде голем проблем за Севиља. Рома е веројатно најмалку искусна во финалињата од сите клубови (освен Тотенхем) што ги водеше, но во ЛК покажа дека тоа не му е проблем.

Мечот, финалето од ЛЕ се игра вечерва со почеток во 21 часот на „Пушкаш Арена“