SportM
Фудбал

Севиља славеше сигурна победа на гостувањето кај Мајорка

Д М21 дек 2019
Севиља славеше сигурна победа на гостувањето кај Мајорка

Севиља денес ја совлада Мајорка со 2:0 во 18-то коло од шпанската ЛаЛига.

Гостите го отворија мечот брилијантно и го презедоа водството во 20-та минута со голот на Диего Карлос. Банега уфрли од корна, домашниот голман реагираше лошо, а Карлос со малку среќа погоди.

Тоа беше и конечен резултат од првото полувреме.

Во 63. минута пенал за гостите. Беше сомнителната одлука, но по ВАР, судијата посочи на 11 метри.

Банега беше прецизен од пенал.

И покрај предноста од два гола, Севиља доминираше, имаше повеќе посед на топката, но резултатот остана 2-0 во корист на Севиља.

Севиља е на третото место со 34 бода, додека Мајорка е само 17-та и има само 15 бода.

ЛаЛига, 18 коло:

Мајорка – Севиља 0: 2 (0: 1)

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.