Шаќири: Ми пцуеа мајката, тоа го слушна и татко ми

Фудбалерот на Ливерпул, Џердан Шаќири, не отпатува за Белград за натпреварот во Лигата на шампионите, а тоа беше одлука на тренерот Јирген Клоп.
Пред натпреварот, Клоп рече дека не сака да го земи Шаќири, а конкретно тој не ги објасни причините, иако секој знае дека ова е затоа што сакал да го заштити играчот од дочек на непријателот.
Шаќири стана голем непријател на Србија бидејќи на Светското првенство голот против Србија го прослави покажувајќи го со рацете албанскиот орел. Тој вели дека слушнал како ја пцуеа неговата мајка на „Енфилд“ кога кај Ливерпул гостуваше Звезда.
„Слушнав дека ја пцуеа мајка ми додека стоев покрај трибината. Татко ми беше на стадионот и го слушна тоа“, рече Шаќири.
„Од друга страна ја разбирам одлуката што не отидов во Белград, иако сакав да му помогнам на тимот“, рече еден швајцарски државјанин.
Шаќири за Ливерпул има одиграно осум натпревари и постигна два гола



