SportM
Фудбал

Шампањ ќе се отвори во Реал: Бејл конечно заминува, договор е постигнат уште од пред три месеци

Д М8 фев 2022
Шампањ ќе се отвори во Реал: Бејл конечно заминува, договор е постигнат уште од пред три месеци

Велшкиот репрезентативец Герет Бејл кариерата ја продолжува далеку од Мадрид.

Реал имаше многу проблеми со Бејл во последните години, кој не сакаше да замине, но таа сапуница конечно ќе заврши на крајот од сезоната.

Според Ел Национал, Бејл пред три месеци постигнал договор со поранешниот клуб Тотенхем, но не сакал да се врати во Лондон пред летото, а за тоа секако има и свои економски калкулации.

Бејл, Реал го плати дури 101 милион евра, но тоа никогаш не се исплатеше и покрај тоа што постигна голови на некои важни натпревари. Тој сега ќе го напушти клубот како слободен играч, а тимот конечно ќе се ослободи од неговата плата, што беше вистински проблем бидејќи Велшанецот беше меѓу најплатените играчи во Реал.

Велшкиот репрезентативец никогаш не успеа да се прилагоди на градот и соблекувалната, а не се ни трудеше да се вклопи во Шпанија. Тој дури и не зборува шпански, а таму живее речиси десет години. Сега на 32 години се подготвува да ги спакува куферите и да се впушти во нова авантура, иако пред неколку месеци се појавија тврдења дека ја прекинува клупската кариера.

Бејл никогаш не криел дека е уморен од фудбалот и дека многу повеќе сакал да игра голф. Но, тој ќе го потпише последниот договор, а следна станица ќе му биде клубот во кој се прослави – Тотенхем.

Тој ќе ја доживее својата трета етапа во Лондон, откако таму играше на позајмица претходната година. Летото сакаа да го задржат, што не се оствари поради финансиските барања кои ги имаа од Сантијаго Бернабеу.

Бејл е вистински магнет за пари. Тој во јануари го одби трансферот за на лето да потпише за Тотенхем како слободен играч, што ќе го чини неколку милиони евра „на рака“ бидејќи и онака ќе биде ослободен од плаќање на трансферната сума.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.