SportM
Фудбал

Шампањ се отвори и на Стемфорд Бриџ поради Еден Азар, кој синоќа не одигра ниту една минута

Д М29 мај 2022
Шампањ се отвори и на Стемфорд Бриџ поради Еден Азар, кој синоќа не одигра ниту една минута

Реал Мадрид синоќа по 14-ти пат во својата историја успеа да го освои трофејот во Лигата на шампионите.

Во големото финале кое синоќа се одигра во Париз, фудбалерите на Реал Мадрид успеаја да го совладаат Ливерпул со 1:0.

Кралскиот клуб навистина на неверојатен начин стигна до трофејот во Лигата на шампионите, бидејќи пред испаѓање неколку пати беше во нокаут фаза, а на крајот стигна и до тронот на Европа и тоа е сосема заслужено.

 

Еден Азар, кој пред три години пристигна во кралскиот клуб од Челзи за 120 милиони евра, ја освои и првата Лига на шампиони во кариерата, но не играше добро поради честите повреди.

 

Иако на крајот беше подготвен за финалето, Азар не доби шанса за настап, но тоа не го погоди премногу. Белгиецот синоќа славеше како мало дете бидејќи конечно успеа да ја освои Лигата на шампионите.

 

Се славеше и на Стемфорд Бриџ бидејќи Челзи ќе заработи екстра пари откако Азар ја освои Лигата на шампионите со Кралскиот клуб.

 

Имено, синоќа беше активирана клаузула во договорот на Азар, поради која Реал на Челзи ќе треба да му плати 17 милиони евра. Клаузулата е јасна, а тоа е дека Реал мора да му плати одредена сума на Челзи во случај Азар со кралевите да ја освои Лигата на шампионите.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.