Шампионите продолжуваат заедно: Новоматик Македонија и во следната фудбалска сезона останува генерален спонзор на ФК Вардар

Со договор за значителна годишна финансиска поддршка од 1 милион евра, Новоматик Македонија и во следната фудбалска сезона останува генерален спонзор на ФК Вардар. Продолжувањето на договорот беше официјализирано на прес конференција на која присуствуваа претставници на менаџментот на Новоматик Македонија, капитенот на ФК Вардар, Горан Закариќ, како и други членови на компанијата и клубот.
„Во Новоматик Македонија во чија групација се светски реномираните брендови Адмирал, Астра и Казино Фламинго, сме многу горди што ги подржавме амбициите на најтрофејниот македонски клуб кога беше најтешко и кога ФК Вардар требаше да се подигнува од амбисот. Уште повеќе што нашата повеќегодишна соработка ја крунисавме со нова титула на ФК Вардар. Денес, заедно со капитенот, Горан Закариќ, објавуваме дека светскиот шампионски бренд во игрите на среќа ја продолжува поддршката на македонскиот фудбалски шампион Вардар! Патот до спортскиот успех на ФК Вардар беше тежок, но ние никогаш не престанавме да веруваме. Како што сега веруваме дека следуваат уште многу блескави спортски успеси“, изјави на прес конференцијата по повод продолжувањето на договорот, г-динот Петар Пенчев претставник на менаџментот на Новоматик Македонија.
Од Новоматик Македонија велат дека одлуката за продолжување на договорот за соработка е донесена бидејќи ФК Вардар не е само спортски клуб туку симбол на македонскиот идентитет и успешен национален амбасадор.
На почетокот од своето обраќање капитенот Закариќ од име на клубот, играчите и стручниот тим упати јавна благодарност до Новоматик Македонија.
„Дозволете на почетокот во името на менаџментот на клубот, играчите и навивачите јавно да упатам благодарност што Новоматик Македонија беа со нас кога ја започнавме најтешката битка за враќање на довербата на навивачите, на спортската, но и на пошироката јавност. Довербата на Новоматик Македонија во нашиот проект придонесе да ја освоиме 12-та титула фудбалски шампион во македонското национално првенство“, истакна капитенот на ФК Вардар, Горан Закариќ.
На настанот, присуствуваше и новиот тренер на ФК Вардар, Кристијан Фабијани.
Инаку, Новоматик Македонија во 2025 стана спонзор и на Фудбалската Федерација на Македонија. Во македонскиот фудбал Новоматик Македонија во период од само три години спонзорски вложува повеќе од 3,5 милиони евра. Дополнително, како светски лидери во индустријата игри на среќа оваа корпорација е спонзор и на кошаркарскиот клуб МЗТ и фудбалскиот клуб Кожув. Новоматик Македонија е присутен во домашната економија веќе полни 19 години, вработува повеќе од две илјади граѓани и во донаторски проекти од областа на јавното здравство, културата, спортот и во кампањи од јавен интерес има вложено повеќе од 400 милиони денари.



