SportM
Фудбал

Шефилд му нанесе уште еден удар на Тотенхем на Мурињо

Д М2 јул 2020
Шефилд му нанесе уште еден удар на Тотенхем на Мурињо

Шефилд Јунајтед вечерва го совлада Тотенхем со 3:1 на домашен терен во 32-то коло од англиската Премиер лигата.

После половина час игра домашната екипа успеа да го превземе водството со 1:0 кога Берге постигна гол. Во следниот напад, Кејн изедначи на 1:1, а потоа судијата го поништи овој погодок на Тотенхем поради играње со рака, по консултација со ВАР.

Во продолжението на мечот, се очекуваше гостите да одат на пресврт, но тоа не се случи. Шефилд продолжи со многу добра игра, и успеа да го реши прашањето за победникот во второто полувреме.

Домашната екипа го презеде водството во 69-та минута со голот за 2-0 на Моусет, додека во 84-та минута Мекберни постигна гол за 3-0 и дури тогаш беше јасно кој ќе слави во вечерашниот натпревар.

До крајот на играта Тотенхем успеа да го ублажи поразот, откако Кејн погоди за 3:1 во 90-та минута од натпреварот.

Шефилд сега е на седмото место со 47 поени и секако е едно од најпријатните изненадувања оваа сезона. Тотенхем е деветти и има два бода помалку од вечерашниот ривал.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.