SportM
Фудбал

Шефилд во последна минута се спаси од пораз

Д М24 ное 2019
Шефилд во последна минута се спаси од пораз

Драматичен натпревар полн со изненадувања и пресврти одиграа Шефилд Јунајтед и Манчестер Јунајтед.

Домаќинот го отвори резултатот со голот на Џон Флек со гол во 19. минута од натпреварот за водство од 1:0. Овој резултат остана непроменет до крајот на полувремето иако Шефилд имаше одлични шанси за повисоко водство.

Второто полувреме Шефилд го започна одлично и во 52. Лис Мусе го зголеми водството на 2:0.

Долго време требаше за да се „Црвените ѓаволи“. Во 72. минута од натпреварот Брендон Вилиамс го намали водството на Шегилд на 2:1.

Голот на Вилиамс ја донесе потребната мотивација во редовите на Манчестер и по само пет минути, односно во 77. минута од натпреварот Мејсон Гринвуд го изедначи резултатот на 2:2.

Во 79. Маркус Рашфорд постигнува гол за пресврт и во носи Манчестер Јунајтед во водство од 3:2.

Сепак на самиот крај на натпреварот, во 90. минута Оливер МекБурни постигнува гол со кој го спаси својот тим од пораз на домашен терен.

Шефилд Јунајтед бележи одлична сезона во Премиер лигата и се наоѓа на 6. позиција на табелата со 18 бодови, додека Манчестер Јунајтед продолжува да бележи лоши резултати, а доказ за тоа е 9. позиција на табелата со 17 освоени бода на 13 одиграни натпревари во Премиер лигата.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.