SportM
Фудбал

Шкендија Арачиново го елиминираше Пелистер во Купот

Редакција21 окт 2025
Шкендија Арачиново го елиминираше Пелистер во Купот

Шкендија Арачиново, тим кој сезонава обезбеди пласман во Втората лига, го елиминираше Пелистер во Купот на Македонија славејќи со 1:0 во осминафиналето. Стрелец на единствениот гол беше Љамалари во 51-та минута.

На останатите мечеви, Силекс го совлада Башкими со 2:1, Работнички ја елиминираше Брегалница по изведувањето на пеналите, а Струга убедлива 5:0 против Македонија ЃП.

Утре Вардар ќе игра против Новаци, додека Шкендија од Тетово во ноември ќе игра против Тиквеш. Претходно Детонит Плачковица беше подобар од Беласица со 1:0, а Охрид го совлада Шкупи со 3:0.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.