Зошто го избрав Интер?

По официјалното потпишување, Кертис Џоунс даде свои први изјави како играч на Интер. Ова е долга интервју што го даде за Интер ТВ:
Како се чувствувате на вашиот прв ден со „нероазурите“?
„Имам фантастични чувства. Сакав да дојдам во Интер долго време. Навистина сум возбуден“.
Го поминавте целиот свој живот во Ливерпул, играјќи за „Црвените“. Овој трансфер многу значи за вас.
„Апсолутно: јас сум дете од Ливерпул, Скозер, и целиот свој живот го поминав таму. Во оваа точка од мојата кариера, сакав да направам чекор напред: мислам дека овој клуб е совршен за тоа“.
Што ве мотивираше најмногу да го изберете Интер?
Мислам дека она што го почувствував минатата година кога се соочив со „нероазурите“ во Лигата на шампионите беше пресудно, поради страста што навивачите на Интер ја имаат за тимот. Се разбира, можеме да зборуваме и за трофеите, историјата на клубот и одличните играчи кои ја облекувале оваа маица.
„Сепак, страста на навивачите беше пресудна: бев на теренот на Сан Сиро и можев јасно да ги слушнам како пееја и колку многу навиваа за играчите. Јас доаѓам од Ливерпул и отсекогаш сум бил навикнат да ја чувствувам љубовта и поддршката на навивачите; отсекогаш сум ја чувствувал таа силна поврзаност. Се надевам дека ќе создадам специјална врска и со навивачите на Интер“.
Дали разговаравте со некој од вашите сонародници кои се приклучија неодамна на Интер?
„Сеуште не сум разговарал со нив, но фактот што играчи како Стоунс и Спенс се приклучија на Интер го покажува квалитетот на овој тим. Интер има извонредна историја, плус тимот совршено се вклопува, имаат одличен тренер и извонреден персонал. Сите овие се работи што ги цени еден играч; тие ја покажуваат вредноста на овој тим“.
Кои се вашите најдобри квалитети како средишен играч? Што мислите дека можете да донесете на Интер и на Серија А?
„Многу работи: со текот на годините го усовршив својот стил на играње, понекогаш играјќи како десен бек, понекогаш како напаѓач. Можам да играм на различни позиции на теренот, но пред се мојата главна цел е да постигнувам голови и да давам асистенции за да му помогнам на тимот.
„Подготвен сум да работам напорно и да направам се што треба за да му помогнам на тимот да победи. Оваа група е полнa со талентирани и искусни играчи: тоа е извонреден тим со силни основи. Сакам да се обидам да внесам дополнителен поттик“.
Што очекувате од вашиот нов живот со Интер?
„Се надевам дека ќе биде возбудливо: Имам малечка ќерка и сопруга кои, како и јас, се среќни што се дел од ова ново поглавје. Тие се важен дел од мојот живот: само сакав да дојдам тука, и сега сакам да му помогнам на тимот. Мојот личен живот секогаш е среќен: мојата мала ќерка секогаш е полна со среќа, исто како и сопругата ми, така што тие сакаат само најдоброто за мене“.
Што мислите за Серија А, Интер и стилот на игра во Италија?
„Јас веќе соочив со Интер: тие се екипа што сака да игра со топката. Имаат играчи кои можат да постигнуваат многу голови, да даваат асистенции и да создаваат многу шанси. Ова е сплотен тим. Интер може да се натпреварува против најдобрите во светот.
„Покрај тоа, можам да ја почувствувам гладта, и јасно, како што веќе реков, поддршката од навивачите е неверојатна: навивачите на Интер навистина се 12.ти играч на теренот. Тимот има одлична рамнотежа во однос на головите, асистенциите, талентот, искуството… Тоа е возбудлив тим“.
Дали имате порака за вашите нови навивачи?
„Со нетрпение чекам да излезам на терен: Сакам да ве расположам и да ви донесам насмевка на лицата. Ќе дадам се од себе за овој тим и ќе му помогнам да достигнеме повисоко ниво“.



