Connect with us

Фудбал

Шкендија против бугарски Лудогорец во битка за групната фаза!

По убедливиот пораз од Карабах од 5:1 (вкупни 6:1) и елиминацијата од квалификациите за ЛШ, фудбалскиот шампион на Македонија, екипата на Шкендија ја чека нов предизвик и битка за групната фаза од Лига Европа. На 21-ви август во Скопје ќе го одигра првиот меч против Лудогорец од Бугарија. Бугарскиот тим беше поразен синоќа на гостувањето кај унгарски Ференцварош со 3:0, а првиот меч заврши без голови 0:0. Реваншот помеѓу Шкендија и Лудогорец ќе се одигра на 28-ми август.