Connect with us

Фудбал

Шкендија со пресврт до победа против Пелистер!

Во завршниот натпревар од 20 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Шкендија попладнево во Тетово го совлада Пелистер со 2-1.

Актуелниот шампион до триумфот дојде со пресврт предводен од двојниот стрелец Бесарт Ибраими. Капитенот на Шкендија беше прецизен во 21 и 64 минута, откако претходно Стефан Спировски во 7 минута му донесе водство на гостинот од Битола.

Со денешниот триумф, второпласираната Шкендија сега заостанува четири бодови зад лидерот Вардар пред нивната меѓусебна пресметка закажана за в четврток на ФФМ комплексот „Петар Милошевски“ во Скопје, во рамки на 21 прволигашко коло.

Табела: Вардар 52, Шкендија 48, Струга 43, Силекс 38, Арсими 26, АП Брера 26, Башкими 26, Тиквеш 24, Македонија ЃП 20, Пелистер 20, Работнички 13, Шкупи 1.