SportM
Фудбал

Шкендија вечерва го игра реваншот против Карабах!

Редакција12 авг 2025
Шкендија вечерва го игра реваншот против Карабах!

Фудбалерите на Шкендија вечерва го играат реванш дуелот од третото коло од квалификациите од Лигата на шампионите. Нивни домаќин е првакот на Азербејџан екипата на Карабах. На прес конференцијата тренерот на тетовчани Јетон Беќири изјави:

– Очекувам уште еден тежок натпревар. Карабах е квалитетен состав. Ние ќе дадеме максимум и ќе се обидеме да постигнеме гол. На првиот дуел нашиот противник беше подобар ривал, а ние голот го примивме по наша грешка од пенал. На реваншот мора да бидеме поагресивни и повеќе да мислиме на напад.

Натпреварот Карабах – Шкендија се игра вечерва во Баку со почеток во 18 часот. Резултатот од првиот меч одигран во Скопје е 1:0 во корист на тимот од Азербејџан. Доколку Шкендија успее да го совлада и елиминира Карабах, ќе игра во плеј офот за пласман во групната фаза во ЛШ, а доколку не тогаш се сели во групната фаза во Конференциската лига на УЕФА.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.