SportM
Фудбал

Шок во Африка – Мане не оди на СП!

Д М9 ное 2022
Шок во Африка – Мане не оди на СП!

Најдобриот фудбалер во Африка и шампион на „Црниот континент“ со Сенегал, Садио Мане ќе го пропушти Светското првенство во Катар, пренесува угледниот „Екип“.

Еден од најдобрите светски фудбалери се повреди вчера на натпреварот од германската Бундес лига во кој неговиот Баерн победи против Вердер Бремен со 6:1.

По 15 минути Мане се пожали на повреда, легна на теренот на „Алианс Арена“ и побара смена од тренерот Нагелсман.

Сите во Сенегал се надеваа дека се ќе биде во ред со капитенот, но се покажа дека тој се здоби со повреда на тетивата и поради тоа Мане ќе мора да го пропушти најголемото шоу на светот.

Шансите на африканскиот првак драстично паднаа, а Сенегал на Мундијалот ќе игра во групата А заедно со домаќинот Катар, Еквадор и Холандија.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.