SportM
Фудбал

Шок за Милан: Росонерите загубија двајца клучни играчи!

Д М17 јан 2021
Шок за Милан: Росонерите загубија двајца клучни играчи!

Голем и неочекуван проблем за Милан во текот на ноќта.

„Росонерите“ останаа без двајца клучни играчи, Тео Хернандез и Хакан Чалханоглу, за гостувањето кај Каљари, но и за следните неколку натпревари.

Хернандез и Чалханоглу се позитивни на коронавирус и ќе ги пропуштат следните неколку натпревари на актуелниот лидер на Серија А.

Ова секако е лоша вест за Стефано Пиоли, имајќи предвид дека Французинот и Турчинот беа незаменливи во досегашниот дел од сезоната.

За среќа, тие немаат никакви симптоми и се чувствуваат добро. Тие веќе се ставени во карантин во своите домови.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.