SportM
Фудбал

Шокантен отказ во Премиер лигата: После десет години клубот му заби нож во грб

Д М15 апр 2022
Шокантен отказ во Премиер лигата: После десет години клубот му заби нож во грб

Фудбалската јавност во Англија утрово беше шокирана откако Барнли објави дека Шон Дајч повеќе не е тренер на овој клуб.

По 30 одиграни кола, Барнли е на 18. место што води во послаб ранг, а има четири бода помалку од Евертон кој е едно место погоре.

Иако остануваат уште осум натпревари за Барнли да се спасат, челниците на клубот утрово направија потег кој ги шокираше сите.

Имено, Барнли по десет години реши да го отпушти Дајч, што никој не го очекуваше во овој момент.

50-годишниот стручњак го презеде Барнли во октомври 2012 година, а со овој клуб направи фантастични резултати. Тој го предводеше Барнли на 425 натпревари и е најзаслужен што овој тим е во Премиер лигата.

Затоа владее неверување во англиските медиуми по неговиот отказ, а од клубот изјавија дека донеле таква одлука поради серијата лоши резултати оваа сезона.

Шон Дајч беше тренерот со најдолг стаж на клупата на тим од ПЛ, а сега неговото место го зазеде Јирген Клоп, кој на клупата на Ливерпул е речиси седум години.

Медиумите во Англија сметаат дека Барнли не требаше да го стори тоа на крајот на сезоната и да го избрка Дајч, кој бележеше одлични резултати со овој клуб, а тој секако не заслужи на вака да ја заврши својата приказна.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.