SportM
Фудбал

„Шокантен“ предлог на Јувентус: Го доведуваат Погба со давање на двајца играчи на Јунајтед

Д М26 мај 2019
„Шокантен“ предлог на Јувентус: Го доведуваат Погба со давање на двајца играчи на Јунајтед

Јувентус е подготвен да им ги понуди Пауло Дибала и Алекс Сандро во замена за Пол Погба, тврди „Sunday Express“.

Според британскиот весник, Бјанконерите се надеваат дека ќе ги искористат овие двајца играчи како дел од размената за да ја намалат цената од 140 милиони евра за Французинот.

Дибала и Алекс Сандро, наводно, се наоѓаат на излезната врата на Јувентус, но работите може да се променат во зависност од тоа кој ќе го наследи Масимилијано Алегри на клупата на Старата дама.

Станува збор за Маурисио Покетино и Пеп Гвардиола, но во моментот најмногу се споменува Маурицио Сари, кој, наводно, дури се согласил да соработува со Јувентус.

Во секој случај, лидерите на клубот работат на тоа да го донесат Погба, кој веќе играл во Јувентус, кој го продадоа во Манчестер Јунајтед во 2016 година.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.