Шокантни обвинувања против Инфантино: Не уценуваа, ако го поддржевме неговиот реизбор, ФИФА ќе ни помогнеше

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, се наоѓа во центарот на нова бура од контроверзии. Според шпанските медиуми, тој свика итен состанок за да одговори на бројните обвинувања кои се наметнаа последниве денови.
По јавните критики од Арсен Венгер и генералниот секретар на ФИФА, Матијас Графстром, кои се дистанцираа од спорниот проект на Инфантино, нов удар дојде од принцот Али бин Ал Хусеин од Јордан.
Во долга објава на социјалната мрежа „Х“, тој директно го обвини Инфантино за уцена, наведувајќи неколку проблеми кои, според него, ги сретнала Јорданската фудбалска федерација.
„Сакам да појаснам некои прашања од гледна точка на нашата федерација. Јордан првпат учествуваше на Светско првенство. Ние сме мала земја со многу ограничен буџет и сме се соочиле со големи пречки“, – напиша тој.
Принцот Али изјави дека многу јордански навивачи не добија визи за влез во САД, иако имаа купени билети по многу високи цени. Тој исто така додаде дека американската влада, преку ФИФА, наметнала такси на учеството на Јордан во турнирот, трошоци што, според него, треба да се покријат од фондовите наменети за играчите и персоналот.
Друго обвинување се однесува на неплатените финансиски награди за Арапскиот куп што се одржа во Катар: „Од декември чекаме исплата на наградите кои им се должат на нашите играчи за Арапскиот куп. Сумата која му припаѓа на нашиот тим за достигнување на финалето сѐ уште не е исплатена, додека ФИФА се фали со милијарди долари резерви“.
Најтешкото обвинување доаѓа на крајот од неговата изјава: „Месеци наназад ФИФА одбиваше да ни помогне за овие и други прашања. Потоа, за време на Светското првенство, ми беше кажано усно дека доколку ја поддржам реизборот на Инфантино, нашата федерација би била значително помогната. Во Јордан сме горди што ги браниме етичките вредности. Не го направивме тоа во минатото и сигурно нема да го направиме ни сега. Сето ова е уцена на која ние одбиваме да се потчиниме“.



