SportM
Фудбал

Шокантни сцени во Белгија: Пет маскирани разбојници ограбија фудбалер среде улица, минувачите само снимаа (ВИДЕО)

Редакција28 јул 2026
Шокантни сцени во Белгија: Пет маскирани разбојници ограбија фудбалер среде улица, минувачите само снимаа (ВИДЕО)

Белгискиот фудбалер Мохамед Фусеини доживеал вистинска драма во Брисел, откако бил нападнат и ограбен од петмина маскирани напаѓачи сред бел ден.

Според белгиските медиуми, Фусеини седел во својот паркиран автомобил кога група маскирани лица му се приближила, насилно го извлекла од возилото и се обидела да му го одземе мобилниот телефон.

Во нападот му бил украден луксузен часовник „Rolex Datejust“, чија вредност се проценува на меѓу 8.000 и 14.000 евра. Додека четворица напаѓачи го држеле и го совладувале фудбалерот, петтиот го пребарувал автомобилот во потрага по други вредни предмети.


Особено вознемирувачки е фактот што инцидентот се случувал пред бројни минувачи, од кои дел само го снимале нападот со своите мобилни телефони, наместо да се обидат да помогнат.

Иако преживеал голем шок, Фусеини не се здобил со потешки телесни повреди. Според медиумските извештаи, тој веќе им се приклучил на тренинзите со својот клуб, но сè уште ги чувствува последиците од трауматичното искуство.

Полицијата води истрага за нападот и трага по сторителите.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.