Шпанија, Германија, Италија и Холандија се пласираа во четвртфиналето на младинското ЕП
Д М31 мар 2021

По завршување на натпреварите во текот на вчерашниот ден, познати се четири репрезентации кои се пласираа во четвртфиналето на Европското првенство за фудбалери до 21 година.
Холандија и Германија се пласираа во четвртфиналето од групата А, Шпанија и Италија од групата Б.
Турнирот го напуштаат Романија, Унгарија, Чешка и Словенија.
Преостанатите патници во четвртфиналната фаза ќе бидат познати денес по комплетирањето на третото коло. Двојките се:
Данска – Русија
Хрватска – Англија
Исланд – Франција
Швајцарија – Португалија.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



