SportM
Фудбал

Шпанското проклетство од 11 метри на Мундијалот

Д М6 дек 2022
Шпанското проклетство од 11 метри на Мундијалот

Фудбалската репрезентација на Мароко се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство откако со подобро изведување на пенали ја совлада Шпанија.

Во текот на 120 минути немаше голови, па по втор пат на овој Мундијал започна изведувањето на пенали. И додека во понеделникот хрватски херој против Јапонија беше Доминик Ливаковиќ со три одбрани, денеска Јасин Боно се претвори во марокански херој, кој одбрани два од три удари на шпанските играчи Солер и Бускетс, додека Сараби ја затресе рамката од голот.

Од друга страна, тројца од четворицата марокански изведувачи беа прецизни, Симон беше поразен од Сабири, Зијеш и Хакими.

Со ова испаѓање на пенали, Шпанија го собори негативниот рекорд на светските првенства како селекција која најмногу испаѓаше по изведувањето на пенали, дури четири пати.

5:4 против Белгија – 1986
5:3 против Јужна Кореја – 2002
4:3 против Русија – 2018
3:0 против Мароко – 2022 година

Единствениот триумф по пенали го постигнаа на СП 2002, кога во осминафиналето ја победија Ирска со 3:2.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.