Фудбал
Штетаа, Босна во 77-ма минута остана без директен пласман на СП!
Селекцијата на Босна и Херцеговина водеше до 77-ма минута на гостувањето кај Австрија во директната пресметка за првото место, но прими гол за 1:1 преку Грегорич, резултат кој ја однесе Австрија директно на Мундијалот. Босна водеше од 12-тата минута со голот на Табаковиќ. Сепак, второто место и носи бараж, се најде во третата група пред жрепката во четврток, а можни противници се селекциите од втората група каде се Велс, Чешка, Словачка и Полска.
Од соседите, бараж ќе играат и селекциите на Косово и Албанија. Од екс ЈУ селекциите, како што е познато Србија, Словенија и Црна Гора се елиминирани, додека Хрватска обезбеди директен пласман на СП.