SportM
Фудбал

Штетааа! Магијата на Енис Барди не е крунисана со победа, реми против Казахстан!

E R13 окт 2025
Штетааа! Магијата на Енис Барди не е крунисана со победа, реми против Казахстан!

Фото: tv21m

Македонија одигра 1:1 против Казахстан во натпревар во кој се очекуваше цел плен и три бода. Белгија е сега прва со оглед на победата на гостувањето кај Велс, па на нас ни останува битката во Кардив во ноември за второто место во директна пресметка со Велс.

Вечерва можеме да жалиме за победата, бидејќи во финишот на првиот дел две добри шанси на Милан Ристевски и Велковски со глава, но гостинскиот голман излезе како победник.

По самп неколку минути игра во вториот дел Казахстана поведе со голот на Караман. Во вториот дел Ристевски имаше уште една добра шанса која не ја реализиираше, а Казахстан одолеваше на нападите се до 74-та минута кога Енис Барди постигна фантастичен гол од слободен удар. По овој гол Македонија притисна, фрли се на една карта, па од таму и неколку закани на Казахстанците. Имаше и нашата селекција можности кои не ги претвори во гол, а Серафимов ја имаше најсериозната во судиското продолжение кога од само неколку метри шутираше покрај голот. Овој резултат секако не може да ги задоволи очекувањата бидејќи бодот за Казахстан е изненадување.

Белгија славеше со 4:2 на гости кај Велс, па сега е лидет со 14 бодови и натпревар помалку, Македонија е втора со 13, Велс има 10, Казахстан 7, Лихтенштајн е без бодови.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.