Фудбал
Штетааа! Шкендија прими гол во 100-та минута и остана без втората победа во УЕФА Конференциската лига (ВИДЕО)
Актуелниот македонскиот фудбалски шампион Шкендија вечерва одигра нерешено 1:1 со Јагелонија во 3. коло од Конференциската лига.
Шкендија поведе во 49. минута со голот на Лиридон Латифи.
Гостите од Полска се спасија аод пораз во последните секунди. Се играше 90+10. минута кога Лозано ги постави конечните 1:1.
Јагелонија последните четири минути играше со фудбалер помалку, но и тоа не беше доволно македонскиот тим да го сочува водството.
По три кола Шкендија е на 21-та позиција со четири освоени бода, Јагелонија е на 14. позиција со пет бодови.
Shkëndija 1-0 Jagiellonia Białystok – Liridon Latifi 49′
byu/4gjdtokurwa insoccer
Shkëndija 1-[1] Jagiellonia Białystok – Sergio Lozano great goal 90+10′
byu/4gjdtokurwa insoccer