SportM
Фудбал

Што ќе се случи ако Премиер лигата се прекине заради коронавирусот?

Д М28 фев 2020
Што ќе се случи ако Премиер лигата се прекине заради коронавирусот?

Коронавирусот се шири низ целиот свет и сè повеќе потврдени случаи се шират ширум светот.

Поради овој вирус, многу настани се откажани, навивачите се отстрануваат од стадионите, а клубовите им забрануваат на играчите да имаат стандардни состаноци со навивачите.

Англиските медиуми денес објавија интересна приказна за тоа што би се случило во Премиер лигата, доколку коронавирус го прекине првенството?

Не постои правило во случај на прекин на првенството во вакви случаи. Не е познато што би се случило ако коронавирусот предизвика прекин на првенството и сè би можело да биде во рацете на Фудбалската асоцијација.

Иако трката за шампиони е реалистично завршена затоа што Ливерпул е далеку пред другите, титулата на Ливерпул се уште не е загарантирана, па екипата од „Енфилд“ најмногу би загубила.

Како и да е, се претпоставува дека одлуката на Фудбалската асоцијација би била да ги рангира клубовите според нивниот сегашен статус, а се верува дека оваа сезона нема да има екипи што би се префрлиле на еден ранг подолу, поради фактот што првенството не беше завршено, но ни титулата на првакот нема да биде признаена.

Сепак, ќе биде тешко да се прекине првенството. За тоа треба навистина огромен број на смртни случаи, а сигурно е дека до крајот на Премиер лигата ќе уживаме во мајсторство од една од најсилните лиги во светот.

Посебно правило во овој случај не постои и сè би било во рацете на Фудбалската асоцијација.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.