Поврзи се со нас

Фудбал

Што ќе се случи со Меси во јануари?

Англиските медиуми повторно ја потенцираат приказната за заминувањето на Лионел Меси во Манчестер Сити.

Сега е напишано дека Аргентинецот треба да потпише преддоговор во јануари следната година за да се обврзе на заминување во Сити.

Според „Телеграф“, Барселона ќе биде отворена за преговори во следниот преоден рок бидејќи на Меси му останува само една година од договорот.

По оваа сезона тој станува слободен и тешко е да се очекува дека ќе потпише нов договор со Каталонците.

Барселона сè уште може да заработи добри пари сега, што нема да биде случај ако замине на крајот на сезоната.

Неодамна челниците на Барса му понудија на Меси намалување на условите, но тој одби да разговара и сè остана исто.

 

loading...

Facebook