Поврзи се со нас

Фудбал

Што може да го одведе Роналдо во друг клуб?

Кристијано Роналдо се повеќе се поврзува со заминување од Јувентус.

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо искрено призна дека би сакал да го види Португалецот во неговиот клуб, а како една од дестинациите се споменува Манчестер Јунајтед.

Тутоспорт донесе интересни информации денес. Нивните извори блиски до клубот велат дека ниту Јувентус ниту Роналдо не сакаат да ја раскинат соработката и дека договорот ќе се почитува до крај.

Од друга страна, Газета дело Спорт има поинаков поглед на целата ситуација. Угледниот весник тврди дека Кристијано би можел да си замине доколку целите на клубот оваа сезона не бидат исполнети.

„Доколку резултатите не дојдат со Роналдо оваа сезона, тој може да се сврти кон ПСЖ“, наведува Газета.

Сигурно ќе биде интересно да се види што ќе се случи со Роналдо. На 35 години, Португалецот е сè уште феноменален и навистина е тешко да се откаже некој од таков играч.

loading...

Facebook