SportM
Фудбал

Што поблиску до родното место, толку подобро: Кавани го одбра следниот клуб?

Д М24 мар 2020
Што поблиску до родното место, толку подобро: Кавани го одбра следниот клуб?

Пред неколку дена, Единсон Кавани пристигна во родниот град Салто, кој се наоѓа на границата помеѓу Аргентина и Уругвај.

Во зависност од тоа колку ќе трае пандемијата на коронавирус, би можело да значи дека Кавани веќе нема да игра никакви натпревари во ПСЖ, бидејќи неговиот договор истекува во текот на летото.

Според извештаите на уругвајските медиуми, Кавани го избрал Бока Јуниорс за следен клуб, каде би играл во пеколен тандем со искусниот Карлос Тевез.

Со тоа што договорот на Ел Матадор наскоро завршува, тој ги охрабри челниците на клубот во Буенос Аирес да одат по најдобариот стрелец во историјата на ПСЖ со 200 постигнати голови.

Кавани е во Европа од 2007 година кога пристигна во Палермо. Во меѓувреме, тој беше член и на Наполи. Откако играше повеќе од десет години на европско тло, се чини дека е решен да се врати дома.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.